111 новозаболени од COVID-19, Чаир со најмногу активни случаи во Скопје

Скопје, 7 јуни 2020 (МИА) – Сто и единаесет новозаболени од COVID-19 се регистрирани во изминатите 24 часа. Две лица починаа, а шест пациенти се оздравени. Направени се вкупно 854 тестови за коронавирусот.

Со денешниот биланс вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.025, бројката на оздравени пациенти е 1.646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.226.

Како што соопшти Министерството за здравство најголем број од новорегистрираните случаи се во Скопје – 63, потоа следуваат Куманово – 11, Штип – 12, Тетово – 8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира шест оздравени пациенти, еден во Прилеп, четири во Тетово, еден во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.

По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера од Скопје е контролен тест, еден заболен од Кочани е од Штип, а од Делчево е од Скопје. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

•       Скопје 1.264, активни 658

•       Куманово 556, активни 140

•       Дебар 52, активни 1

•       Штип 174, активни 136

•       Прилеп 218, активни 27

•       Тетово 281, активни 119

•       Струга 98, активни 25

•       Велес 144, активни 30

•       Битола 30, активни 3

•       Охрид 31, активни 14

•       Кавадарци 6, активни 1

•       Гостивар 50, активни 29

•       Гевгелија 6, активни 2

•       Струмица 5, активни 2

•       Крива Паланка 7, активни 1

•       Радовиш 4, активни 0

•       Крушево 3, активни 0

•       Кочани 51, активни 20

•       Пробиштип 5, активни 3

•       Демир Хисар 1, активни 0

•       Македонски Брод 2, активни 0

•       Пехчево 3, активни 0

•       Берово 2, активни 1

•       Валандово 3, активни 2

•       Виница 3, активни 1

•       Делчево 1, активни 0

•       Кратово 3, активни 1

•       Свети Николе 3, активни 2

•       Кичево 3, активни 1

•       Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Од 854 тестови 440 се направени преку ИЈЗ, ЦЈЗ Скопје- 12, Авицена – 78, Биотек – 127, Жан Митрев (Филип Втори) – 56, Систина со PCR метода – 81 и МАНУ – 60.  Досега во земјата се направени вкупно 36.325 тестирања на COVID-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои девет тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на COVID-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет нови, а вкупно се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 27 се потешко болни и се на кислородна поддршка.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно се хоспитализирани 41 пациент. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

Во Чаир најголем број активни случаи, најмалку во Сопиште

Главниот град и денеска со најголем број новозаболени од COVID-19, вкупно 63, а од скопските општини Чаир предничи според бројот на активни случаи заразени од коронавирусот – 152, покажува најновата статистика на Министерството за здравство.

Во билансот за состојбата со COVID-19, што денеска го објави Министерството, регистрирани се 111 новозаболени, а изнесени се и бројките на активни случаи во Скопско.

По Чаир со 152 активни случаи на второ место е Бутел со 59 активни случаи, трета е Гази баба со 58, во Аеродром има 53, во Сарај и Центар по 52.

Во Карпош се регистрирани 40 активни случаи, во Кисела Вода 29, во Арачиново 23, во Студеничани 18, во Ѓорче Петров и Илинден по 17, во Шуто Оризари 12, во Петровец шест, во Чучер Сандево три, во Сопиште два, а за еден случај сѐ  уште се утврдува од која општина е.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе