12 мај 1926, првиот лет преку Северниот Пол
Експедиција предводена од легендарниот Роалд Амундсен летајќи со дирижабл го прелетала Северниот Пол за прв пат во историјата.
Вкупно 16 луѓе се наоѓале во дирижаблот „Норје“, а покрај Амундсен биле уште и Линколн Елсвирт, пилотите Хјалкам Рисер-Ларсен и Умберто Нобиле, како и други. Тргнале од Спицберген на норвешкиот остров Свабалд и утрото во 1 часот по полноќ стигнале до географскиот Северен Пол, по што се упатиле кон Алјаска.
Дали навистина експедицијата Амундсен-Елсвирт е првата која го прелетала Северниот Пол засекогаш ќе остане мистерија. Имено, три дена претходно експедицијата на Ричард Бирд и Флојд Бенет направила сличен потег со авион Fokker, но се смета дека не го стигнале вистинскиот Северен Пол туку прелетале во близина.