12 малку познати правила на кармата

Што е карма? Карма е збор од санкритско потекло и означува акција. Таа е еквивалент на Њутновиот закон кој вели дека „секоја акција мора да има и реакција”. Кога мислиме, говориме или делуваме, ние иницираме сила која ќе има одговарачка реакција. Оваа повратна сила може да биде модифицирана, променета или спречена, но повеќето луѓе не се во состојба да ја неутрализираат. Тој закон на причините и последиците не е некое казнување, туку постои поради учење и развој. Личноста не може да побегне од последиците на своите дела, но ќе им подлегне дури кога условите за неговото страдање целосно ќе созреат. Игнорирањето на овој закон не донесува никаква корист. За да престанете да се плашите и да почнете да го разбирате светот на кармата, потребно е да ги познавате и кармичките правила.

ГОЛЕМИОТ ЗАКОН - „Што си сеел, тоа ќе жнееш”. Ова е исто така познато како закон на причините и последиците. Тоа значи дека што ќе испратиме во Универзумот, тоа и ќе ни се врати. Доколку сакаме среќа, мир, љубов, пријателство… тогаш треба да бидеме среќни, мирољубиви, во љубов и добри пријатели.

ЗАКОНОТ НА КРЕАЦИЈАТА - Животот на се случува сам од себе, тој бара наше учество. Ние сме едно со Универзумот, и одвнатре и однадвор. Што и да не опкружува ни говори за нашата внатрешна состојба. Бидете свои, опкружете се со тоа што сакате да биде присутно во вашиот живот.

ЗАКОНОТ НА СКРОМНОСТА - Тоа што одбивате да го прифатите, ќе опстојува. Доколку тоа што го гледате е непријател или некој со особини кои ги сметате негативни, тогаш ни вие самите не сте фокусирани на повисоко ниво на постоење.

ЗАКОНОТ НА ПОСТОЕЊЕ - Каде и да одиш, таму си ти. Ние сме тие кои мораме да се промениме, а не луѓето, опкружувањето и околностите околу нас. Сè што имаме во животот сме ние самите и само над себе треба да создадеме контрола. Кога ќе се промениме самите одвнатре, тогаш нашето срце и целиот живот ќе ја следат таа промена.

ЗАКОНОТ НА ОДГОВОРНОСТА - Кога и да се појави нешто лошо во мојот живот, тогаш постои нешто лошо во мене самиот. Ние сме одраз на тоа што се наоѓа околу нас и тоа што е околу нас е одраз на самите нас. Тоа е универзалната вистина. Мораме да станеме одговорни за својот живот.

ЗАКОНОТ НА ПОВРЗАНОСТА - Дури и кога ни се чини дека тоа што го работиме е безвредно, многу е важно да го направиме како што треба, затоа што во Универзумот сè е поврзано. Секој чекор води кон нареден. И првиот и последниот чекор имаат иста важност, бидејќи и двата се потребни за задачата да се заврши. Минато - сегашност - иднина, сè е поврзано.

ЗАКОНОТ НА ФОКУСОТ - Не можете да размислувате за две работи истовремено. Кога фокусот ви е на духовните вредности, тогаш нема да имате ниски пориво, како лакомост или бес.

ЗАКОНОТ НА ДАВАЊЕТО И ГОТОПРИМСТВОТО - Доколку верувате дека нешто е вистина, тогаш повремено во животот ќе бидете повикани да ја демонстрирате таа одредена вистина. Во тие моменти тоа што сметаме дека сме го научиле, го покажуваме во пракса.

ЗАКОНОТ НА СЕГА И ОВДЕ - Доколку премногу гледаме во минатото, пропуштаме да бидеме сега и овде. Стари мисли, стари шаблони на однесување, стари соништа…. сето ова не спречува да имаме нови.

ЗАКОНОТ НА ПРОМЕНИ - Историјата се повторува се додека не ги научиме лекциите кои ни се потребни за да го промениме својот пат.

ЗАКОНОТ НА ТРПЕНИЕ И НАГРАДИ - Секоја награда бара почетен труд. Наградите кои имаат трајно дејство бараат трпение и постојан труд. Вистинската радост се случува кога го правиме тоа што треба да го правиме и пуштаме наградата да дојде во свое време.

ЗАКОНОТ НА ЗНАЧЕЊЕ И ИНСПИРАЦИЈА - Секогаш ни се враќа тоа што сме го вложиле во нешто. Вистинската вредност на нештата е директен резултат од енергијата и намерите кои се вложени во тоа. Секој личен придонес е истовремено и продонес кон Целината.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Живот

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more

Колку често треба да се перат пижамите?

Read more
 

Магазин

  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе