12 пожари на отворено изгаснати благодарение на пожарникарите

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата се евидентирани вкупно 12 пожари на отворено. Сите пожари беа успешно изгаснати благодарение на брзата и ефикасна интервенција на пожарникарските единици. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), ситуацијата е под контрола и нема пријавени повредени лица.

„Конкретно, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 13:20 до 15:10 часот, интервенирале со 1 пп возило и 3 пожарникари во гасење запалена ниска вегетација на површина од 300 м2 кај „клучката“ во Хиподром во Општина Гази Баба. Од 15:00 до 15:40 часот пожарникарите гаселе запалена ниска вегетација на површина од 500 м2 во близина на болницата „Санте Плус“, со 1 возило и 2 пожарникари во Општина Ѓорче Петров и од 15:10 до 16:20 часот, гаснеле запалено ѓубре на површина од 10 м2 кај Смилковско Езеро, со 1 возило и 3 пожарникари во Општина Гази Баба“, се вели во соопштението од ЦУК.

Регионалниот ЦУК Струмица информира дека ТППЕ Гевгелија од 17:05 до 18:30 часот интервенирале за гаснење запалена депонија кај раскрсницата „Фурка и Дојран“ со 1пп возило и 2 пожарникари во Општина Дојран.

РЦУК Охрид известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид од 15:20 до 15:40 часот со 1 пп возило и 3 пожарникари интервенирале за гаснење запалено ѓубре кај градските гробишта. Пожарникарите од ТППЕ Дебар од 14:05 до 15:00 часот со 1 пп возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на периферија на градот. Од ТППЕ Струга од 14:20 до 14:50 часот со 1 пп возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена трска кај хотел „Изгрев“.

РЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Пробиштип од 11:00 до 12:50 часот со 1 пп возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с. Гајранци во Општина Пробиштип. Од ТППЕ Виница од 14:00 до 15:00 часот со 1 пп возило и 2 пожарникари гаснеле запалено стрниште во атарот на с. Јакимово во Општина Виница.

Од РЦУК Штип соопштуваат дека ТППЕ Кочани во периодот од 16:50 до 18:15 часот со 1 пп возило и 2 пожарникари интервенирале на запалено стрниште и ниска вегетација во атарите на селата Грдовци и Тркање во Општина Кочани.

РЦУК Куманово информира дека пожарникарите од ТППЕ Куманово имале две интервенции за гаснење запалена ниска вегетација, прво од 13:00 до 15:00 часот со 1 пп возило и 3 пожарникари кај с. Табановце и од 17:50 до 19:35 часот, со 1 пп возило и 3 пожарникари кај с. Черкезе во Општина Куманово.

ЦУК информира дека во последното деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот имале вкупно 1 747 повици, од кои што „реални“ повици биле 50,72%, а 49,28% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од вкупниот број на повици, кон Полицијата биле упатени 56,56%, кон Итната медицинска помош 34,40%, а кон пожарникарите 5,25% од реалните повици. Инаку, имале 847 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Инаку, во пресрет на понеделник, Регионалниот ЦУК Скопје информира дека ЈСП Скопје известиле за изменета траса на движење во еден дел на автобусите на линиите 4, 18, 63A, 66, 66A и 118, поради изведување градежни работи на пат.

Потсетуваат дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Македонија

Сончево и потопло време: максималната температура до 21 степен

Read more

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Read more

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Read more

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Read more
 

Вести

САД уништија голем дел од иранската морнарица, но не и клучната: Таа и понатаму го контролира Ормускиот Проток

Читај повеќе

Иран уапси 50 лица поради шпионажа за САД и Израел

Читај повеќе

Ирански медиуми: САД бараа сè што не можеа да добијат преку војна

Читај повеќе

Започнаа изборите што би можеле да ја потресат цела Европа

Читај повеќе

Велигденското примирје пропадна: Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за напади

Читај повеќе

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Читај повеќе

Пакистан: Ќе продолжиме да посредуваме

Читај повеќе
  • play_arrow

Венс: Не е постигнат договор, тие не сакаат да се откажат од нуклеарното оружје

Читај повеќе

Иран: Барањата на Американците се неразумни, не брзаме никаде

Читај повеќе