Авто новости

12 златни правила кои ќе ви го олеснат возењето на автопат

20. февруари 2018 - 15:58 | М.Д.

Возењето по непознат автопат претставува еден од најголемите стресови за секој возач. Но, тоа не мора да биде така.

Од друга страна, автопатиштата се убедливо најдобриот и најбрзиот начин да стигнете до посакуваната дестинација.

Статистички гледано, тие се најбезбедни од сите други патишта.

Меѓутоа, поради високата просечна брзина, автомобилските незгоди кои се случуваат на автопат се далеку поопасни.

Според информациите од британското здружение за безбедност во сообраќај, на тамошните автопатишта просечно умира по едно лице на секои 50 сообраќајни незгоди, додека на другите патишта едно лице го губи животот на секои 70 сообраќајки.

Возењето по автопат може да биде и прилично стресно ако се возите во непозната држава или регион, а посебно ако до целта морате да промените неколку автопати.

За да избегнете проблематични ситуации, придржувајте се до овие 12 златни правила кога е возењето на автопат во прашање:

Испланирајте го вашето време за патување, а посебно кога се вклучувате и исклучувате од автопат. На тој начин нема да ви се случи да морате брзо да реагирате кога ќе наидете на посакуваното вклучување или исклучување.

Немојте да возите пребрзо и левата лента користете ја само кога поминувате некого.

Проверете дали го држите потребното растојание.

Во случај на влажен коловоз, потрудете се растојанието да биде двојно поголемо.

Секогаш внимавајте, односно „скенирајте“ го патот пред вас за на време да воочите некоја непредвидлива ситуација.

Од време на време, гледајте во ретровизорите. Ова е посебно важно кога се движите по пат со три или повеќе ленти.

Секогаш користете трепкачи кога менувате лента.

Избегнувајте било какво попречување при возењето. Зборувајте на мобилен само ако морате. Звукот од радиото не смее да биде прегласен, а исто така избегнувајте да јадете или пиете додека возите.

Правете кратки пауза на секои 2-3 часа. Со цел да јадете или пиете, но немојте да претерувате.

Посебно внимание обратете кога поминувате покрај или околу поголеми градови, бидејќи овде сообраќајот е поинтензивен.

Од друга страна, „празен“ автопат може да доведе до дремка кај возачот. Разговор со патниците може да биде од помош во такви ситуации, како и гума за џвакање или бонбона во уста.

Ако забележите дека нема да стигнете да се вклучите или исклучите од автопат, никако немојте да се обидете да изведете некој ризичен маневар, бидејќи тоа лесно може да доведе до сообраќајна несреќа. Продолжите до следното исклучување и вратете се. Ако имате навигација во кола, таа брзо ќе ве одведе до посакуваниот правец.

Коментирај