13 април 1928, прв непрекинат лет од Европа до Америка
Германскиот пилот Херман Кел, ирскиот авијатичар Џејмс Фицморис и баронот Еренфрид Гинтер Фрајхер фон Хинефелд, кој ја финансирал експедицијата, успешно го завршиле првиот трансатлантски лет со авион без попатно застанување.
Триото полетало од „Балдонел“ аеродромот близу Даблин на 12 април со авионот наречен „Бремен“, марка Junkers W33. Имале намера да слетаат во Њујорк, но темни облаци и расипан компас ги однеле 40 степени вон курсот, во Канада. Поради истекување на масло се откажале од планот да слетаат во Њујорк и завршиле на канадскиот остров Гринли, наредниот ден.
„Тројцата авио мускетари“ го оставиле авионот на Гринли и се упатиле кон планираната дестинација, Њујорк, каде во нивна чест била одржана парада.