13 јуни 2021, Македонија дебитираше на ЕУРО
На денешен ден во 2021 година македонската фудбалска репрезентација го имаше својот историски деби настап на едно големо натпореварување - Европското првенство 2020 на УЕФА, кое поради пандемијата се одржа една година подоцна.
Македонија играше против Австрија во 1. коло од групата Ц на стадионот „Арена Национала“ во Букурешт, главниот град на Романија. Македонците одиграа солиден натпревар, го постигнаа и првиот гол на европските првенства преку Горан Пандев, но на крајот загубија со 3:1. Натпреварот го судеше Швеѓанецот Андреас Екбериј.
За Македонија настапија: Столе Димитриевски; Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу (86' Милан Ристовски); Бобан Николов (63' Егзон Бејтулаи), Енис Барди (82' Иван Тричковски), Аријан Адеми, Елиф Елмас, Езѓан Алиоски; Горан Пандев (к), Александар Трајковски (63' Тихомир Костадинов). Селектор: Игор Ангеловски.
За Австрија настапија: Даниел Бахман; Штефан Лајнер, Александар Драговиќ (46' Филип Линхарт), Мартин Хинтерегер, Андреас Улмер; Кристоф Баумгартнер (58' Михаел Грегорич), Конрад Лајмер (90'+3 Јулиан Баумгартлингер), Ксавер Шлагер (90'+4 Штефан Илсанкер), Дејвид Алаба (к); Марсел Сабитцер; Саша Калајџиќ (59' Марко Арнаутовиќ). Селектор: Франко Фода.
На трибините, иако поради заштитните мерки поради пандемијата стадионот беше со преполовен капацитет, имаше неколку илјади македонски навивачи дојдени од Македонија, Европа, Северна Америка и Австралија.
Фото: ФФМ