13 промени на навиките што ќе се случат по пандемија

По завршувањето на пандемијата на COVID-19, што со ветувањето за вакцина се чини поблиску од кога било досега, многумина веројатно ќе размислат двапати пред да притиснат копче во лифт, а прашање е колку луѓе повторно ќе се поздравуваат со ракување. Едно е сигурно - сите ќе станеме многу повнимателни.

1. Ракувањето е веќе минато

Избегнувањето да се ракуваме е една од највидливите промени во општествените норми како резултат на коронавирусот.

Во ова ново време на коронавирус и примената на социјално дистанцирање, несомнено ќе има културолошка промена во начинот на кој се поздравуваме. Ракувањата, прегратките и бакнежите се начини на поздравување што сега се незамисливи. Друштвените поздрави сега се сведени на удирање со лакт или стапало, мавтање, климање со глав или склопување на дланките како за молитва, за да кажеме некому дека го „регистрираме“.

2. На јавните места ќе има повеќе достапни средства за дезинфекција

Во деновите по пандемијата, веројатно ќе видиме повеќе средства за дезинфекција на рацете во канцелариите, јавните простори и на забавните настани.

Дезинфекцијата на рацете ќе стане навика, особено во ситуации кога сме имале контакт со површина што ја допираат многу луѓе во текот на одреден временски период.

3. Ќе станеме подобри во одговарањето на барањата на клиентите

Поради пандемијата, многу компании беа принудени да назначат тимови кои беа неопходни барем за основно функционирање. Овие тимови се соочија со целосно нови предизвици и веќе учат нови работи што ги олеснуваат новите начини на работа. Исто така, услугата за клиенти сега доживеа наплив на побарувачка и тие исто така мораа да се прилагодат на новонастанатата ситуација и затоа ќе работат уште поефикасно во иднина. Пандемијата исто така покажа кои вештини се неопходни во криза, така што многумина ќе се школуваат токму за такви ситуации и тоа ќе има своја корист.

4. Можно е да се смени односот кон рестораните

Ручекот во ресторан, па дури и доставата на храна сега се сосема поразлични во споредба со она што беше пред неколку недели. Според Јохан Мунсинги, експерт за финансирање угостители и основач на inKind, платформа за финансирање ресторани, ние веќе забележуваме драматична промена во начинот на кој потрошувачите јадат во рестораните.

„Рестораните каде гостите треба да вечераат имаат најголем пад во продажбата, додека пекарите кои немаат многу маси за јадење се пофреквентни од кога било“, вели тој.

Иако е нејасно какви ќе бидат промените, тие ќе се случат. Дефинитивно ќе станеме попребирливи и санитетските услови на локалот ќе ни бидат на второ место веднаш зад квалитетот на храната.

5. Повеќе ќе го цениме времето поминато со другите

Од семејни прослави на кои се двоумевме дали да се појавиме, до родендени, прослави и „обични“ седенки со семејството, пријателите, колегите... блиските средби со луѓето кои во моментов ни се луксуз, во иднина ќе ги цениме многу повеќе. Исто така, ќе избираме повнимателно кому ќе го посветиме нашето време.

6. Работа од дома

Деновиве е прилично вообичаено да се работи дома, но по пандемијата уште повеќе компании ќе им овозможат на вработените „алтернативни“ начини да си ја сработат работата.

„Штом компаниите и нивните вработени видоа дека работата од дома не само што е изводлива, туку може да биде и попродуктивна, тоа веќе предизвикува големи промени во „канцелариската култура“ ширум светот“, вели Ангела Еш, раководител на одделот за маркетинг во UpFlip.

7. Ќе најдеме нов начин да притискаме копчиња

Дури и пред да се случи пандемијата на COVID-19, повеќето од нас беа свесни за секојдневните локации каде што има многу микроби. Овие места вклучуваат банкомати, рачки, кваки, копчиња во лифтот. Најверојатно ќе ни стане сосема нормално да ги притискаме копчињата на лифтот со лактот или дури и предмет како пенкало, наместо со прсти.

8. Чао, грицки

После коронавирусот веројатно веќе нема да има сад со кикирики или слични грицки во локалите. Освен тоа, луѓето со претпазливост ќе гледаат на салати, ордевери, шведски маси и слично.

9. Луѓето посериозно ќе го сфатат својот личен простор

Социјалното дистанцирање е една од главните одлики на борбата против короната, па дури и по пандемија, многумина веројатно ќе бидат повнимателни за тоа кој ќе им пријде и ќе се обидат да држат доволно растојание за да избегнат разни инфекции.

10. Ќе бидеме подобри во миењето раце

Едно нешто што го слушаме одново и одново за време на пандемијата е да ги миеме рацете, секогаш и постојано, и никогаш помалку од 20 секунди. Покрај тоа, се препорачува употреба на средства за дезинфекција.

Оваа навика веројатно ќе остане кај луѓето дури и по пандемија, бидејќи сите ќе бидат повнимателни и подобро заштитени од потенцијални инфекции.

11. Можеби ќе почнеме да избегнуваме гужви

Многумина претходно се нашле во ситуација кога требало да се стиснат во веќе полн автобус или лифт. По пандемијата, веројатно ќе размислиме двапати пред да влеземе во гужва.

12. Ќе се грижиме повеќе едни за други

Еден од честите коментари на оние кои не се загрижени за коронавирусот е дека тие се во категорија која не е ризична и дека ништо не може да им се случи. Но, овие луѓе не ја разбираат поентата на изолацијата, а тоа е дека ние не само што се заштитуваме себеси, туку и другите, што е веројатно уште поважно. По пандемијата, веројатно ќе бидеме посвесни за тоа како самите влијаеме на здравјето на некој друг.

13. Училиштата ќе треба да бидат подготвени за учење на далечина

Начинот на кој COVID-19 влијаеше на образовниот систем за време на пандемијата е многу очигледен за сите. Ова веројатно ќе биде причина за некои промени во иднина. Можно е повеќе предавања да бидат достапни на интернет и повеќе училишта да ја набавуваат потребната опрема за вакви часови и да се направат детални планови за тоа како да се постапи доколку се појави оваа ситуација повторно.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Живот

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе