13 септември 1993, потпишан бил израелско-палестинскиот мировен договор
После децении на крвопролевање, претставници на Израел и Палестина во Белата куќа потпишале историски мировен договор.
Пред очите на тогашниот американски претседател Бил Клинтон, договорот го потпишале израелскиот министер за надворешни работи Шимон Перес и палестинскиот преставник за странство Махмуд Абас откако претходно преговорите во Осло, Норвешка, успешно ги воделе израелскиот премиер Јитцак Рабин и палестинскиот лидер Јасер Арафат.
На крајот Арафат и Рабин си подале рака ставајќи печат на договорот, фотографија која станала легендарна. Меѓу триилјадната публика биле и поранешните претседатели на САД, Џорџ Буш и Џими Картер.
Наредната година Рабин, Перес и Арафат ја добиле Нобеловата награда за мир.
Сепак, потпишаниот договор до ден денес не резултирал со траен мир.