












14 април 1865, атентатот на Абрахам Линколн
Американскиот претседател Абрахам Линколн бил смртно ранет во атентат извршен од стана на актерот Џон Бут.
Само неколку дена по завршувањето на четиригодишната Американска граѓанска војна во која државите од Југот загубиле од Конфедерацијата, бил убиен претседателот на САД. Додека бил во ложата на вашингтонскиот театар „Форд'с Тиатр“, во него пукал актерот Бут и смртно го ранил, иако Линколн утредента им подлегнал на повредите.
Бут бил шпион на победничката Конфедерација, но откако неколку дена пред атентатот слушал говор на Линколн во кој претседателот се залагал за поголеми права на афро-американците, решил да го ликвидира.
Линколн бил 16-тиот претседател на САД од 1861, кој добил и втор мандат во 1864 година. Останал запаметен како човек кој ја зацврстил Унијата, го укинал ропството, ја засилил федералната власт и ја модернизирал економијата.