14 декември 1911, Амундсен го освоил Јужниот Пол
Тимот предводен од норвешкиот истражувач Роалд Амундсен влегол во историјата како прв кој допрел до географскиот Јужен Пол.
Со својот бром „Фрам“ Амундсен и неговиот екипаж тргнале на долгото патување уште во јуни 1910 година. Како познат истражувач на Северниот Пол, неговите колеги верувале дека повторно ќе се упатат кон истата дестинација, а вистинските намери на својот предводник ги дознале дури откако „Фрам“ испловил од португалското пристаниште Мадејра.
На Антарктикот, Амундсен изградил база во Заливот на Китовите која ја нарекол Фрамхејм. По неколку месечна подготовка конечно во октомври 1911 се упатиле во потрага по Јужниот Пол каде стигнале на денешен ден.
Покрај славниот Амундсен, во тимот биле и поморскиот офицер Торвалд Нилсен, Хјалмар Фредрик Јертсен како доктор, мајсторот Оскар Вистинг, Улав Бјоланд како искусен скијач, готвачот Адолф Линдстрем, столарот Јерген Стуберуд, како и истражувачите Кристиан Преструд, Хелмер Хансен и Свере Јасел. Во тимот биле и двајца странци: рускиот океанограф Александр Кучин и шведскиот инженер Кнут Сундбек.