14 јануари 2005, сондата Huygens го направила најдалечното слетување од Земјата
По седумгодишно патување европската сонда Huygens успеала да се спушти на сатурновата месечина Титан и да ги испрати првите фотографии во контролата на летање во Дармштат.
Именувана во чест на холандскиот астроном од XVII век Кристијан Хајхенс, кој во 1655 година го открил Титан, оваа европска сонда била дел од мисијата Cassini–Huygens лансирана на 15 октомври 1997. На 25 декември 2004 Huygens се одделила од Cassini упатувајќи се кон Титан. На 14 јануари 2005 се спуштила на Титан и 90 минути испраќала податоци до ЕСА.
Сондата Huygens до денес е вселенско летало кое слетало на небесно тело најоддалечено во нашиот Сончев Систем.