14 јули 1789, Падот на Бастилја
Симболот на Француската револуција се случил на денешен ден кога народните маси ја опсадиле Бастилја и по целодневна борба на крајот ја освоиле.
Бистилја бил злогласен затвор во Париз каде феудалната власт ги праќала сите неистомисленици. Во мај 1789 година почнала Француската буржоаска револуција која кулминирала на денешен ден кога прво Уставниот комитет од командантот на Бастилја побарал да го предаде оружјето, да ги тргне топовите од ѕидините и да се предаде, на што револуционерите добиле дожд од куршуми. Тогаш народот извел јуриш на Бастилја и почнала голема опсада, а на народот му се придружила и кралската гарда.
По жестоки борби и многу загинати на двете страни, Бастилја се предала. Народот не само што ја заземал тврдинта, туку ја растурил камен по камен. Потоа на нејзино место парижаните направиле убав плоштад со обелиск на средината.
Примерот го следеле и многу други градови низ Франција, па затоа 14 јули станал празник на францискиот народ. Клучевите од Бастилја Маркизот де Лафајет му ги испратил на американскиот претседател Џорџ Вашингтон како подарок.