14 јули 1974, основана е Европската вселенска агенција
На денешен ден, 14 јули, во 1974 година основана е Европската вселенска агенција или ЕСА (European Space Agency или ESA).
Таа претставува меѓувладина организација која е посветена на истражувања во вселената. Со неа раководат 22 европски држави. Главниот штаб се наоѓа во Париз, Франција. Има вкупен буџет од 2,9 милијарди евра.
Главната лансерна станица е Гвајанскиот вселенски центар во Куру, Француска Гвајана.
Научните мисии се базирани во ESTEC во Нордвејк, Холандија, Земјините опсерваторски мисии се во ESRIN во Фраскати, Италија, Мисионата контрола е во ESOC во Дармштат, Германија, и Европскиот астронаутски центар (EAC), каде што се тренираат астронаутите за идните мисии, е сместен во Келн, Германија.