14 медицински лица од штипското Инфективно одделение превентивно во самоизолација

Двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари од штипското Инфективно одделение се ставени во самоизолација, по наредба на здравствен санитарен инспектор, откако е утврдено дека имале контакт со 80-годишна пациентка, која била хоспитализирана со негативен тест на COVID-19 и дијагноза бронхопневмонија. Но, по влошувањето на состојбата и новиот земен брис пациентката се покажала дека е позитивна на коронавируорс.

Директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев вели дека од вчера е направена целосна реорганизација на ова одделение, на кое во моментов за пациентите се грижат еден инфектолог, еден специјализант, а на испомош ќе им дојде инфектолог од струмичката болница.

- Кадарот е пополнет, што се однесува до медицинските сестри е пополнет со медицински сестри од другите одделенија и во договор со Министерството за здравство ќе ни биде пратена една лекарка инфектолог од Општата болница во Струмица, која веќе од недела, односно од утре ќе се вклучи во работата на Инфективното одделение, вели Ѓеорѓијев.

Во моментов на ова одделение се хоспитализирани двајца пациенти со средна клиничка слика, кои се позитивни на коронавирус, а останатите се лекуваат во домашни услови и се во секојдневен контакт со инфектолозите. Ѓеорѓијев вели дека по потреба се донесуваат и на контроли во одделението. Според него, добро е што сите пациенти кои се во домашна изолација имаат добра здравствена клиничка слика.

Тој денеска информираше и дека на помош на кумановската болница за наредните две недели имаат пратено еден лекар интернист. Апелира медицинскиот кадар кој во моментов е на првите борбени редови да се заштитува и да ја користи заштитната опрема, онако како што е пропишано. Донациите во опрема пристигнуваат секојдневно од фирми, но и од граѓани. Најави дека во понеделник ќе спроведе итна јавна набавка на заштитна опрема, која смета дека ќе биде доволна за наредните два месеца за вработените во болницата.

Во Штип првите случаи на заболени од коронавирус беа потврдени пред дваесеттина дена, се очекува наредната недела Институтот за јавно здравје да информира колку од нив се излекувани.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Македонија

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Read more

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Read more

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Read more
 

Вести

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Читај повеќе

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Читај повеќе
  • filter

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Читај повеќе

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Читај повеќе

Командант на НАТО: Милијарда луѓе се изложени на ризик поради подморските војувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читај повеќе

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе