15 април 1989, се случила трагедијата на Хилсборо
На денешен ден, 15 април, во 1989 година, во пресрет на полуфиналната пресметка помеѓу Ливерпул и Нотингем Форест во ФА купот, се урнал дел од трибината на стадионот „Хилсборо“ во Шефилд на која биле навивачите на „Црвените“, при што загинале 96 лица.
Полицискиот командат Дејвид Дакенфилд наредил влезот Ц да се отвори со цел повеќе навивачи да влезат на стадионот за да се намали гужвата која настанала пред вратите. Тоа допринело за преоптеретеност на централниот дел од „Лепингс Лејн“ трибината при што дошло до уривање.
Вкупно 96 лица загинале од кои 94 на лице место, а 766 биле повредени. Тоа е најтешката фудбалска трагедија во историјата на Англија.