15 интересни факти за Барбадос кои веројатно не ги знаете

Деновиве актуелна е оваа карипска држава откако најави дека ќе стане република отфрлајќи ја власта на британската кралица. Се работи за прекрасен остров со бел песок и богат со карневали.

1. Барбадос е островска држава во Карипското Море и Атлантскиот Океан и е најисточниот остров од Малите Антили.

2. Се состои од еден главен остров, долг 34 километри и широк до 23 километри, и голем број помали, главно ненаселени острови.

3. Вкупната површина е 430 km², а населението е 287.500, што го прави еден од најгусто населените острови во светот.

4. Главен град и најголемо населено место на Барбадос е Бриџтаун кој има 110.000 жители.

5. Островот е претежно рамен, благо се издига во централниот дел, каде на само 340 метри надморска височина се наоѓа највисоката точка.

6. Старото име на Барбадос било Ичируганаим, како што го нарекувал домородниот народ Аравакан, а значи „Црвена земја со бели заби“. Денешното име Барбадос доаѓа од португалскиот јазик (os barbudos) и значи „брадести луѓе“.

7. Топло е во текот на целата година, од 23-32°C, но има два климатски периоди, врнежлив од јуни до ноември и сушен од декември до мај.

8. Барбадос е земја без ниту една река или езеро. Постојат неколку потоци кои се појавуваат во сезоната на дождови, како и голем број мочуришта.

9. Најпопуларен спорт е крикетот.

10. Барбадос е единствената дестинација надвор од границите на денешните САД што ја посетил Џорџ Вашингтон.

11. Најголемиот карневалски културен настан што се одржува на островот е фестивалот Кроп Овер, кој е основан во 1974 година и оттогаш се одржува секоја година и трае околу 3 месеци.

12. Барбадос е домаќин на четири видови желки кои се гнездат (зелени желки, морски желки карети, јастреб желки и џиновски кожени желки) и зелениот мајмун.

13. Вкупно 82 плажи со бел песок ги красат бреговите на Барбадос.

14. Националното јадење на Барбадос е ку-ку и летечка риба со зачинет сос (речиси секој оброк вклучува еден или повеќе сосови). Друг традиционален оброк е пудинг и сос, јадење со кисело свинско месо со зачинети слатки компири.

15. На 30 ноември 2021 година официјално стана република, што значи дека британската кралица Елизабета II повеќе ја нема титулата шеф на таа држава. За време на свечениот полноќен настан што се совпадна со 55-годишнината од независноста на земјата, Сандра Мејсон положи заклетва како прв претседател.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе