Во долгогодишната кариера, Кијану Ривс докажа дека може сè – да глуми од комедии до филмови со премногу акција.
Иако со глума се занимава веќе 4 децении, се чини дека во последните неколку години особено постигна успех.
Глумецот се држи подалеку од очите на јавноста, а режисерите го опишуваат како исклучително вредна личност. Канадскиот актер е роден во Бејрут, Либан, од татко роден на Хаваи со кинеско потекло и мајка со потекло од Велика Британија. Израснал во повеќе земји во светот, живеел во Њујорк, во Сиднеј и во Австралија пред неговото семејство да се пресели во Торонто.
Почнал да се занимава со глупа на 9-годишна возраст, а одлучил дека ќе се посвети на актерството на 15 години. Пред тоа размислувал да биде професионален хокеар, а сакал да игра за канадскиот олимписки тим.
Ривс се појави во повеќе од 70 филмови. Ова се неговите 15 најдобри: