15 ноември 1533, Пизаро го освоил главниот град на Инките
На денешен ден пред неполни пет века шпанскиот конквистадор Франсиско Пизаро официјално го заземал главниот град на Инките, Куско.
По битката кај Кахамарка во која една година претходно малата војска на Пизаро го заробила последниот император на Инките, Атауалпа, Шпанците конечно дошле и до престолнината на Инките.
Заедно со Шпанците се бореле и домородните народи Уанкас, Чанкас, Кањари и Чачапојас, сите непријатели на Инките.
„Големината и правилноста на улиците... големиот плоштад беше опколен од неколку палати... прецизната изработка на секој камен ја надминува нашата...“ се коментарите на воодушевените Шпанци по влегувањето во градот.
Откако го погубил Атауалпа, Пизаро во Куско ја земал за љубовница неговата вдовица Кучиримај Окло која станала Дона Анхелина и му родила два сина, Хуан и Франсиско. Во 1535 Пизаро го оформил градот Лима, а во 1541 година бил убиен за друг човек да стане гувернер на Перу.