15 септември 1822, Шамполион ги дешифрирал египетските хиероглифи
Францускиот ориенталист Жан-Франсоа Шамполион го направил можеби најважното откритие во египтологијата откако успеал да го дешифрира древното писмо на славната египетска цивилизација.
По долго истражување Шамполион конечно утврдил дека хиероглифите не се симболично туку фонетско писмо. Со помош на Каменот од Розета и други египетски плочи, францускиот истражувач дошол до големото откритие кое денес е од незамислива помош при истражувањето на древната египетска цивилизација.