15 сезони Моден викенд Скопје: Јубилеј исполнет со предизвици

Под мотото PURE INDIVIDUALITY Моден викенд Скопје ќе го одржи 15. јубилејно издание на кое ќе се слави автентичниот македонскиот моден дизајн преку убавината и посебноста на жената.

Настанот, што оваа сезона ќе се одржи од 31 март до 2 април, одбележува јубилеј што не е за потценување. Како единствена платформа на која се пласира македонскиот моден дизајн, со повремени гостувања на регионални и странски дизајнери, работилници и предавања, FWSK низ годините имаше подеми и стагнации, но сепак успеа да се задржи како бастион на македонската мода. Сезонава Моден викенд се враќа на познатата локација, салонот на „Порше Македонија“, но во нов простор што ветува едно поинакво искуство за редовните посетители на настанот.

За оние привилегирани посетители на FWSK, покрај модните новинари и блогери, неколкудневниот настан претставува слатка возбуда. Покрај можноста да се видат од прва рака најновите колекции за престојната сезона, времето меѓу ревиите е можност да се изрази индивидуалниот пристап кон стилот и модата (впрочем тоа е и мотото на оваа сезона), но и да се споделува неспоредливото искуство на социјалните мрежи. Без разлика дали сте во прв ред или стоите на маргините, со покана од дизајнерот или со акредитација, несомнено ќе ве зафати модната треска и ќе ве понесе атмосферата дека и кај нас модните настани имаат своја магија.

Меѓу ревиите и модните разговори, позирањата за селфи или медиуми, меѓу честитките и изјавите, меѓу манекенките и хостесите, Моден викенд Скопје веќе осма година создава приказна што играчите кои се директно инволвирани понекогаш немаат време да здивнат и да ја погледнат од страна. Она што е заедничко за сите, од организацијата, преку дизајнерите, до модните блогери, е задоволството од континуитетот и желбата и страста да се работи повеќе, да се создава подобро.

„Ако се има предвид дека низ сезониве Моден викенд Скопје некогаш имал изданија кои траеле и по 8 дена и имале над 30 ревии, зборуваме за бројка од над 400 модни шоуа и перформанси. Некои од учесниците буквално не пропуштиле ниту едно издание, како на пример Ирина Тошева. Гордо ќе кажам дека речиси и нема македонски дизајнер кој барем еднаш не бил дел од Моден викенд Скопје или немал ревија која не била во наша организација. Секоја сезона имаме нови имиња на кои им го отвораме патот. Дизајнерите од странство често ни биле гости, но таквите соработки се условени и од интересот кој го имаат на нашиот пазар. Зад нас се и голем број на работилници во рамките на нашиот настан или надвор од изданијата но поврзани со дизајнерската работа“, вели Марија Илиќ, ПР на FWSK. 

Директорката на Моден викенд Скопје, Света Богова, под чие будно око се движи оваа модна машинерија, со нескриен ентузијазам зборува за изминатите сезони, но и со доза на самокритичност, карактеристична за секој визионерски креативец:

„Влегуваме во осмата година откако постои Моден викенд Скопје и секоја сезона беше приказна за себе. Без тимот со кој соработувам ништо од ова немаше да биде возможно. Без учесниците кои ни ја дадоа поддршката и препознаа што значи да се биде дел од ваков моеден настан, исто така. Рано е да кажам дека сум ги реализирала и дел од моите замисли, а не па сите кои ги имам. Моден викенд Скопје треба допрва да расте и да го достигне нивото кое го замислувам.“

Дизајнерката Ирина Тошева, миленичка на младата модно освестена публика, која редовно ги претставува новите колекции за тековните сезони на FWSK, за јубилејот вели: „Континуитетот несомнено е знак на квалитет. Посакувам во следните 15 да има многу повеќе размена на креативни сили, преполна програма и повеќе странски дизајн кај нас и наш надвор.“

Заштитните лица на пролетното издание се моделите Симона Ангеловска, поранешната српска мисица Ања Шарановиќ и Викторија Ристовска од модната агенција „Подиум“ кои позираа пред објективот на стилистката и фотографка Јована Зука на терените на коњичкиот клуб „Дона“ во Радишани. Зука, која наедно е една од најуспешните модни блогерки во земјава, по трет пат го осмисли и концеп-дизајнот за визуелниот имиџ на сезоната.

Авторката на блогот After Two Five ги сподели инспирациите и мотивот за Pure Individuality и вели дека се радува на претстојното издание на Моден викенд и со голем интерес го следи прогресот на македонската мода.

„Проектите на кои имам работено со тимот на Моден викенд Скопје заземаат посебно место за мене и ги сметам за едни од најомилените и најисполнувачки соработки во кариерата. Инспирацијата за последната кампања произлезе од желбата да се истакне уникатната, соголена убавина на прекрасните девојки кои сезона по сезона ја прикажуваат работата на дизајнерите. Фотографијата, изработена во естетиката на 90-тите години и ерата на супермоделите, ги слави сите форми на убавина, ја истакнува важноста на меѓусебната поддршка и ги одбележува моментите пред трансформацијата за пистата.“

Јубилејната сезона утревечер ќе ја отвори ревијата на Јована Филиповиќ со колекцијата за пролет/лето 2017, а за финале во недела публиката ќе ги види тројцата избрани финалисти од неодамнешниот натпревар „Fashion Scout SEE“: „Victor Kaiser“, „Shaleva Couture“ и „Ана Марија“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе