15-ти Моден викенд Скопје: Финале што ветува светла иднина

Пролетното издание на Моден викенд Скопје заврши вчеравечер со четири ревии, секоја со различен сензибилитет и естетика, заокружувајќи ја јубилејната 15 сезона.

Настанот, што оваа сезона опфати 13 модни ревии, се одржа во „Порше Македонија“, обединувајќи ги на едно место дизајнерите, модните новинари, блогери и вљубениците во модата.

Последната вечер од тридевниот моден настан за сезоната пролет-лето 2017 година, ја отвори „Walone fashion group“ со колекцијата „Plumes et Perles“ инспирирана од убавината на пердувите и бисерите дополнета со рачно изработени детали. Станува збор за екстравагантни креации во розеви, бели и златни нијанси. 

Несекојдневната ревија за чевли и чанти од „Paolo Bocelli“ презентираше модели со динамичен стил и дизајн според последните модни тенденции. Ревијата беше вистинско освежување во поглед на ревиското претставување на модни додатоци, со креативно „облекување“ на моделите во хартиени креации, цвеќе и светки на рацете и уникатен пристап кон акцентирање на моделите.

Можеби најпролетната колекција сезонава ја прикажа Сара Реџиќ која прв пат се претставува на Моден викенд Скопје. Колекцијата „Spring fairy“ беше модна приказна што буквално расцвета на пистата, со раскошни фустани и мантили со цветни мотиви, како и плетива и оригинални везови како детали. Реџиќ се најави на модната сцена како дизајнерка со женствен и романтичен сензибилитет чии креации носат длабок традиционален идентитет во современа и нослива форма.

За крај на петнаесеттиот Моден викенд Скопје на групна ги видовме тројцата избрани финалисти од  неодамнешниот натпревар „Fashion Scout SEE“: „Victor Kaiser“ со модни парчиња кои се трансформираат, „Shaleva Couture“ со колекцијата „Alice“ за есен-зима 2017/2018  и „Ана Марија“ со колекцијата 1WOMAN – “Throw me to the wolves and  I will  return leading the pack.” Станува збор за капсулни колекции кои на 28 март годинава беа презентирани на модната недела во Белград, заедно со финалистите од Србија, Словенија и Хрватска.

Тројцата финалисти прикажаа капсулни колекции што ги идентификуваа како автентични автори за кои допрва ќе се слуша, благодарение на беспрекорната изработка, визионерската креативност и вниманието посветено на деталите. Нивната ревија беше одличен начин да се заокружи јубилејното издание, како ветување за една светла и бестрашна идина за македонската мода.

Со јубилејното издание, Моден викенд Скопје ја зацврсти позицијата на единствен континуиран настан кај нас што нуди платформа како за младите, така и за етаблираните модни дизајнери и брендови, преку која се презентира нивната работа, се поттикнува и поддржува македонската модна сцена од сезона во сезона и се продлабочуваат врските меѓу сите играчи во модната индустрија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе