Според Билтенот за дневни настани на МВР, на 30.09.2020 околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Копаница, скопско, 16-годишник од с. Бојане, скопско, бил повреден со огнено оружје.
Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, а во врска со настанот од слобода бил лишен 16-годишник од с. Копаница, скопско, за кој било пријавено дека пукал во куче, но го погодил малолетникот. Пиштолот бил пронајден и се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на причините за пукањето.