











16 јули 1918, Болшевиците го егзекутирале царското семејство Романови
Доцна вечерта околу полноќ помеѓу 16 и 17 јули во 1918 година, руското царско семејство Романови биле ладнокрвно егзекутирани од страна на Болшевиците.
Царот Николај II Романов, царицата Александра Фјодоровна и нивните 54 деца, ќерките Олга, Татјана, Марија и Анастасија, како и синот Алексеј, биле веќе тргнати од власт и се наоѓале во куќен притвор во Екатеринбург.
Егзекуцијата била извршена од страна на стрелачки одред во подрумска просторија, а откако ќерките го преживеале стрелањето поради корсетите што ги носеле, биле избодени со бајонети.
Не се знае дали наредбата за егзекуција дошла директно од Владимир Ленин бидејќи постојат сомневања дека била извршена дури и без негово знаење.