16 мај 1975, Јунко Табеи станала првата жена која го освоила Еверест
На денешен ден, 16 мај, во 1975 година, Јапонката Јунко Табеи станала првата жена која се искачила на највисокиот светски врв, Монт Еверест.
Јунко Табеи е првата жена која успеала да се искачи на Монт Еверест, а потоа ги совладала седумте највисоки врвови во светот.
Во 2012 година Табеи во интервју за Japan Times се потсети на тогашните погледи на женскиот алпинизам.
„Седумдесет години, во Јапонија се сметаше дека мажите се создадени за подвизи, а дека жените треба да останат дома“, изјави Табеи пред да тргне на експедиција оставајќи ја тригодишната ќерка со сопругот и роднините.
Вториот рекорд го постави во 1992 година кога стана првата жена која ги освоила седумте највисоки врвови. Потоа се вклучи во кампања за подобра еколошка заштита на планините.