16,5 тони кокаин запленети на брод во Филаделфија

Во акција на пристаниште во Филаделфија, американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарниот брод MSC Gayane, што е едно од најголемите запленувања на дрога во историјата на САД.

Покренати се федерални обвиненија против двајца морнари кои признале дека помогнале во товарење на кокаинот на бродот додека бил на море.

Според судски документи, обвинети се Иван Ѓурашевиќ и Фонофаве Тиасаге. Федерални агенти откриле дека тие го истоварале кокаинот од 14 чамци.

Се проценува дека улична вредност на запленетиот кокаин изнесува повеќе од една милијарда долари, објавија на Twitter од канцеларијата на државниот обвинител за Источниот округ на Пенсилванија.

„Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Источниот округ на Пенсилванија. Членови на екипажот на бродот се уапсени и се соочуваат со федерално обвинение, а истрагата е во тек“, стои во објавата.

Инспекторите веруваат дека кокаинот е префрлен на товарниот брод MSC Gayane на Бахамите или откако го напуштил пристаништето на тие острови.

Се наведува дека бродот во САД пристигнал од Чиле, преку Панама и Бахамите.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе