17 април 1492, Колумбо се договорил со шпанскиот крал да бара нов пат до Индија
Италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо (Кристофоро Коломбо) на денешен ден потпишал договор со шпанскиот крал Фернандо за финансирање на неговата мисија во потрага по нов пат за Индија.
Додека Монголите владееле со Азија, патот до Далечниот Исток за Европјаните бил безбеден, но тоа се променило со падот на Констатинопол под Османлиите.
Во 1485 Колумбо му го презентирал својот план на португалскиот крал Жуау II, но на двапати бил одбиван. Конечно во 1492 шпанските владетели Фернандо II Арагонски и Исабела I Кастиљанска ги прифатиле неговите услови и го финансирале патувањето кое не го открило патот до Индија туку скроз друга огромна земја, Америка.
Договорот велел дека доколку Колумбо успее во мисијата ќе биде прогласен за Адмирал на Океанот, Гувернер на сите нови земји и ќе добие 10 отсто од целиот профит.