














17 јули 1975, во орбитата се споиле Союз 19 и Apollo 18
Милиони луѓе низ целиот свет на телевизија го гледале моментот кога за прв пат во орбитата на Земјата се споиле две вселенски мисии, и тоа советска и американска.
Во Apollo 18 се наоѓале тројца астронаути кои нивниот модул успешно го доближиле и споиле со Союз 19 каде биле двајца советски космонаути. Командантите на леталата, Алексеј Леонов и Том Стафорд, се ракувале и си размениле честитки, при што Русинот зборувал на англиски, а Американецот на руски јазик.
Проектот со неговото незаборавно ракување во вселената ги омекнал односите на двете политички спротивставени страни, а овој ден се смета и за крај на Вселенската трка која почнала во 1957 година.