17 ноември 1869, отворен бил Суецкиот Канал
На денешен ден во 1869 година свечено бил отворен Суецкиот Канал. Флотата од околу дваесетина бродови кај градот Порт Саид навлегла во каналот на првото историско патување.
Бродовите биле предводени од оклопниот крстосувач „Eagle“, во кој се наоѓале Фернанд де Лесепс, руската царица Евгенија и жената на Наполеон III. На останатите бродови се наоѓале намесникот на Египет, австриската царица, рускиот престолонаследник, и други видни личности од тогашниот европски свет. По седумдневното патување флотата пристигнала до Суец. По повод свеченото отворање на каналот големиот композитор Џузепе Верди во Каиро ја извел операта „Аида“.
Вештачкиот канал е долг 163 километри меѓу Средоземното и Црвеното Море, кој ги разделува африканскиот од азискиот континент. Тој е најблиската поморска врска меѓу западната и источната полутопка. Големата стратешка важност на Суецкиот Канал за Западот станува уште појасна ако се земе предвид најважниот танкерски воден пат за снабдување на Европа со блискоисточна нафта. Неговата изградба почнала на 25 април 1859 година и траела 10 години и 7 месеци.
Идејата за ваков канал датура уште од древниот Египет кога фараоните имале идеја со канал да ги поврзат Средоземното и Црвеното Море. Првиот план за изградба на ваков канал бил направен пред 4.000 години, но дури 700 години подоцна делтата на Нил била поврзана со Средоземното Море, а потоа и со Црвеното. Тогаш каналот немал некое поголемо значење затоа што по него можеле да пловат само мали бродови. Кога Римјаните го покориле Египет, песокот на повеќе места го засипал овој канал. Во почетокот на минатиот век, благодарение на пронаоѓањето на парната машина (паробродот), во голема мера се зголемил превозот на стока по воден пат. Тогаш на луѓето им станало доста јасно дека е непоходно да се изгради еден канал што ќе го скрати водениот пат меѓу Европа и Индија. Каналот би донел голема заштеда - како во пари, така и во време.