Деветнаесет нови случаи во изминатото деноноќие се регистрирани на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово. Од нив дури 17 се од Општина Липково, а двајца од Куманово, информира Ариф Љaтифи, директор на ЦЈЗ Куманово.
Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на COVID-19, информира министерот за здравство Венко Филипче.
По градови:
- Скопје 67
- Куманово 19
- Штип 16
- Прилеп 4
- Тетово 9
- Велес 2
- Гостивар 1
- Неготино 1
- Струмица 1.