17 септември 1939, Советскиот Сојуз извршил инвазија на Полска
Откако потпишале пакт за ненапаѓање со хитлерова Германија која на 1 септември влегла во Полска, Советите на денешен ден го направиле истото окупирајќи го источниот дел.
Околу 180 илјади полски војници биле заробени заедно со 9 илјади офицери, а многумина од нив биле ликвидирани од страна на Советите.
Полска ја снемало од картата на Европа, завршила поделена помеѓу Германија и СССР. Оправданието на Сталин било дека само го ослободува делот во кој живеат Белоруси и Украинци.