18 години затвор за Анџело и Клементина, 16 за Андреј за убиството на Денис Тот

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата обвинети за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска е осудена на 18 години затвор. Третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвор.

Судијката кажа дека се ценети сите околности. За Анџело и Клементина отежувачки околности се и тоа што повеќепати го удирале Тот.

„Не пријавиле дека тие му задале удари на оштетениот, ниту го пријавиле настанот во полиција. Клементина не пружа помош вечерта, а Анџело избега. Олеснителни околности за Анџело се тоа што е млад, неженет, се обидел да помогне, не е осудуван. За Клементина олеснително е тоа што не е мажена, мајка е, неосудувана е, невработена, како и изразеното жалење за настанот. Судот за Андреј имаше впредвид дека не е женет, вработен, не се води постапка против него, тој преземал дејствија да му помогне на оштетениот, судот го ценеше и тоа што искрено и видливо беше манифестирано каењето на сите рочишта“, додаде судијката, објави a1on.mk.

Обвинетите негираа вина за делото убиство. Тие бараа да им се суди за тепачка. Тврдеа дека немале намера да го убијат Тот, ниту умисла, што е еден од условите за да се исполни битието на делото. Судскиот процес траеше два и пол месеци. Обвинителката Тања Трајчевска беше убедена дека докажала вина за убиството кај обвинетите. На судењата беа сослушани бројни сведоци на настанот, како и вештаци. Клучни беа и снимките од видео надзорот, како од клубот пред кој Тот беше убиен, така и снимките од градските камери.

Тагови
реклама

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Read more

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Македонија

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон

Read more

Милошоски: За прв пат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД

Read more

Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот

Read more

Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје

Read more
 

Вести

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон

Читај повеќе

Орбан пред инаугурацијата на Трамп: Уште неколку часа и сонцето ќе свети поинаку во Брисел

Читај повеќе

Милошоски: За прв пат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД

Читај повеќе

Трагедија во Делчевско: Се запали куќа, загина 37-годишен маж

Читај повеќе

Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовно уништување: Газа од дрон на првиот ден од прекинот на огнот

Читај повеќе

Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје

Читај повеќе

За наградата Роман на годината во трка 43 романи

Читај повеќе

Инаугурацијата на Трамп ќе биде напладне по американско време

Читај повеќе