18 години затвор за возачот кој на пешачки усмрти 11-годишно девојче

Велешанецот Ангелче Николов, кој на 17 декември минатата година на пешачки удри 11-годишно девојче кое почина на самото место, денеска во Основниот суд Велес доби единствена казна од 18 години.

Судијката Габриела Гајдова, која го водеше процесот, појасни дека судот смета дека осудениот може да го повтори делото поради што му ја продолжи мерката притвор сè до спроведување на казната затвор, во која му се засметува времето поминато во притвор.

Осудениот на 17 декември во 22:10 часот со голема брзина од 68 километри на час во алкохолизирана состојба ја удри на пешачки 11-годишната Магдалена, а нејзината мајка тешко ја повреди. Воедно 30-годишниот Николов, не застанал да им укаже помош туку побегнал со голема брзина и два дена се криеше од полицијата по што самиот се пријави.

Инаку полицијата на местото на настанот ги најде веднаш табличките од возилото што беше олеснителна околност на полицијата да трага по сторителот.

Судијката Габриела Гајдова изрекувајќи ја казната потенцира дека иако на првото рочиште Николов ја призна вината, во текот на целата истражна постапка не искажал вистинско каење и жалење за загубениот живот на 11-годишното девојче Магдалена, која беше единица на семејството на Емилија и Жарко Иванови, кои скршени од болка и денеска не беа во Основниот суд Велес.

Адвокатот на семејството на загинатото девојче Јанаки Митровски за новинарите кажа, дека е задоволен од пресудата и информира дека денеска до ОЈО поднеле кривична пријава и против трите лица кои вечерта на несреќата биле во автомобилот на Ангелче Николов и жителот на Превалец кој два дена го криел Николов од полицијата. Тој појасни дека има сведок кој кажува дека тие се вратиле на лице место на настанот и прашувале за девојчето.

реклама

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Read more

Познати цените за новите Москвич модели

Read more

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Read more

Колку долго човек може да остане буден?

Read more

Хроника

Петмина повредени, од кои две деца, во сообраќајка во Горно Лисиче

Read more

Грабеж во обложувалница во Бутел

Read more

Се трага по сторителот на убиството во Капиштец

Read more

Маж прегазен од возило најден кај граничниот премин Долно Блаце

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Торнада дивееја низ САД, има загинати

Читај повеќе

Работниот час најевтин во Бугарија, а најскап во Луксембург

Читај повеќе

Петмина повредени, од кои две деца, во сообраќајка во Горно Лисиче

Читај повеќе

Бакнеж прикажан на телевизија во Иран – изби скандал, телевизијата се извини

Читај повеќе

Арсовска ќе го враќа споменикот на Ќосето пред судовите во Скопје

Читај повеќе

Сторми Даниелс: Не се плашам да се соочам со Трамп на суд, сум го видела гол

Читај повеќе

Жичницата на Водно од денеска работи еден час повеќе

Читај повеќе

Мицкоски: Тврдењата дека со влез на Бугарите во Устав се прави дистинкција со Македонците се незнаење или манипулација

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло

Читај повеќе