18 јануари 1778, Капетан Кук ги открил Хаваите
На своето последно патување, капетанот Џејмс Кук станал првиот Европеец кој стапил во контакт со Хавајските Острови.
Целта на Кук на своето трето и последно патување била да пронајде северозападен премин околу Америка. Тргнал од Плимут на 12 јули 1776 и преку Тенерифе, Јужна Африка, Нов Зеланд и Тахити се упатил во северниот дел на Тихиот Океан.
Таму, пловејќи на својот брод „HMS Resolution“ наишол на Хавајските Острови, дотогаш непознати за европскиот свет. Ги нарекол Острови Сендвич, во чест на Џон Монтегју, четвртиот ерл на Сендвич, односно Лорд Сендвич. Хаваи се покажале како погубни за Кук бидејќи една година подоцна таму бил убиен.
Денес островите Хаваи (на хавајски Hawaiʻi) се дел од САД, посебна сојузна држава на која живеат 1.455.271 жители, но само 13% се домородци.