18 јули 64, голем пожар го уништил Рим
Легендата вели дека неурамнотежениот император Нерон го подметнал пожарот, сведоштвата кажуваат друга приказна, но ништо не го менува фактот дека Рим бил униптен и потоа обновен.
Точната причина за големиот пожар не се знае од причина што ниту еден извор од тоа време не е пронајден, а сите информации се од втора рака. Голем дел од стариод град изгорел до темел во пожарот кој започнал вечерта на денешен ден во пазарот близу Циркус Максимус и траел во наредните шест дена. Две третини од градот биле уништени. Потоа Рим бил обновен, плански граден, а нередено било сите куќи да се градат од камен.
Некои сведоштва одат дотаму велејќи дека лудиот Нерон го предизвикал пожарот и дури свирел на лира и пеел гледајќи како градот гори. Други информации велат дека Нерон во тој период воопшто и не бил во градот. Трети ја обвинуваат христијанската заедница која била страшно непопуларна во градот.