18 ноември 1928, дебитирал Мики Маус
Со прикажување на краткиот цртан филм „Steamboat Willie“ (Пароброд Вили) во Њујорк започнала славната ера на Мики Маус.
Во киното „Колони Тиарт“ на Universal во Њујорк за прв пат пред публиката се покажале Мики и Мини Маус, славните ликови на Волт Дизни.
Црно-белиот цртан филм трае 7 минути и 46 секунди, и е еден од првите целосно синхронизирани цртани филмови. Изработен бил од Walt Disney Studios, а издаден од Celebrity Productions.
Интересно, сите гласови во филмот ги позјамил самиот Волт Дизни, иако речиси ништо не е разбирливо. Режијата, освен на Дизни, е и на Аб Ајверкс, а двајцата ја разработиле и приказната.
Филмот веднаш стекнал огромна слава, а денес во САД се смета за културно, историско и естетско наследство.