180 години NBG и 21 успешна година на Стопанска банка АД-Скопје заедно со NBG

Националната банка на Грција (NBG) на 30 март одбележа 180 години постоење. Во својата кратка изјава господин Павлос Милонас, Генералениот извршен директор на NBG Групацијата рече: „Многу сме горди на нашата историја и на улогата што NBG ја има во развојот на економијата и на општеството во земјата и во регионот. Денеска продолжуваме да поттикнуваме иновации и претприемачки дух со цел создавање на подобра иднина за нашите клиенти и за нашите сограѓани.“.

Господин Милонас, исто така, се осврна и на резултатите на NBG Групацијата за 2020 година: „Наспроти пандемијата на COVID-19, финансиските резултати на Групацијата за 2020 година се одлични. На оперативно ниво, пред добивките од тргувањето и еднократните резервации поврзани со COVID-19, оперативната добивка се зголеми за 41% на годишно ниво, достигнувајќи 328 милиони евра. Добивката е одраз на отпорноста на основните приходи и на строгото намалување на трошоците, што резултираше со годишно намалување на трошоците за околу 150 милиони евра во период од две години. На крај, добивката по оданочување достигна 591 милиони евра, што е зголемување за 26% на годишно ниво. Дополнително, благодарејќи на приходите од 1,1 милијарди евра остварени од тргувањето и од другите активности целосно можеа да бидат апсорбирани резервациите од околу 0,8 милијарди евра за кредитното портфолио поврзани со COVID-19 и со секјуритизација на кредитите.
Значајно подобрената профитабилност го прикажува нашиот висок потенцијал, кој е одразен во билансот на состојба, но и во посветеноста и фокусот на тимот на NBG. Сите наши луѓе сега уште повеќе се посветени на нашата понатамошна трансформација“.

Оваа година се означува и 21 година од стратегиската инвестиција на NBG во Стопанска банка АД - Скопје. Осврнувајќи се на овој повод, господин Диомидис Николетопулос, Генералниот извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје изјави: „Горди сме што сме членка на NBG Групацијата, една од најважните групации во регионот, и посебно сме среќни што Стопанска банка АД - Скопје продолжува да има свое место во 180-годишната историја на NBG.
Пред околу 21 година, почна успешното заедничко чекорење на две историски значајни банки во регионот, овозможувајќи ѝ на Стопанска банка АД - Скопје да
прерасне во силната профитабилна банка каква што е денес, столб што ја поддржува економијата на Северна Македонија, и секако, е значен дел од NBG Групацијата.

И покрај COVID-19 пандемијата, во 2020 година Банката ги докажа своите силни перформанси и здравата основа, при што се постигна подобар биланс на состојба. Кредитното портфолио на Банката порасна на 1.2 милјарда ЕУР, депозитите на 1.4 милјарда ЕУР, со што беа постигнати извонредни резултати –Банката оствари нето- добивка за 2020 година од 32 милиони евра.


Продолжуваме со истото темпо, како една од најважните финансиски институции во земјата, работејќи со супериорни резултати во сите области на дејствување, чувајќи ги депозитите на нашите клиенти и генерирајќи одржлива вредност за сите засегнати страни.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе