19 април 1775, почнала Американската револуција
Со Битката кај Лексингтон и Конкорд започнала американската борба за независност од Велика Британија.
На избивањето на воениот судир му претходело тоа што колониите ја отфрлиле власта на Парламентот на Британија бидејќи во него немале свои претставници, и создале самоуправни независни држави. Овие држави, на Вториот континентален конгрес, се обединиле против Британците за да ја одбранат својата самостојност, што резултирало со вооружен конфликт кој започнал на денешен ден.
Американците и Британците се судриле во Масачусец вдолж гратчињата Лексингтон, Конкорд, Линколн, Менотоми и Кембриџ, денес позната како Битката за Лексингтон и Конкорд.
Војната траела 7 години, а завршила со победа на Американците во 1781 и потпишување на мировен договор во Париз во 1783 година.