19 јуни 1991, Пабло Ескобар ѝ се предал на полицијата
Пабло Ескобар важи за еден од најмоќните нарко-босови во историјата. На врвот на моќта бил во 80-тите, кога бил еден од најбогатите луѓе во светот. Неговиот картел во Меделин го контролирал увозот на 80% од кокаинот во САД. Ова го направило екстремно богат, тежел околу 30 милијарди во раните 90-ти години, а на ден заработувал околу 70 милиони долари.
Но, токму тоа и го направило екстремно опасен. Бил виновен за смртта на многу луѓе починати во масакри и напади додека се обидувал да се задржи на врвот на картелот. На крајот, во 1991 година им се предал на колумбиските власти, но под негови услови. Му било дозволено сам да го дизајнира и изгради сопствениот затвор во чиј склоп имало фудбалско игралиште, бар, џакузи и водопад. На денешен ден, во 1991 година полицијата го уапсила Ескобар.
Од затвор избегал откако властите се обиделе да го сместат во нормална затворска установа. Тој однапред ги открил нивните планови и избегал. Остатокот од животот го минал во бегство, а бил убиен од полицијата на 2 декември 1993 во родниот град.