19 мај 1906, отворен бил тунелот Симплон под Алпите
На 19 мај, во 1906 година, по 7 и пол години работа бил отворен источниот дел од познатиот тунел Симплон кој ги поврзува Швајцарија и Италија под Алпите.
Ископувањата почнале на 22 ноември 1898 година и по точно 7 години, 5 месеци и 28 дена тунелот бил отворен за сообраќај. Има должина од 19.803 километри почнувајќи од Бриг во Швајцарија до Домодосола во Италија.
Шест години подоцна почнала изградбата на западниот тунел која траела подолго, односно 9 години.
Името го носи по селото Симплон (или Семпјоне) во Швајцарија.