19 ноември 1944, Тетово било ослободено
Градот Тетово бил последниот македонски град ослободен во Втората светска војна со што целата територија на Македонија конечно била исчистена од окупациските сили.
По петдневни борби против преостанатите балисти кај хидроцентралата „Матка“, селата Глумово, Групчин, Копачин Дол и Ларце, единиците на Педесеттата македонска дивизија и на Третата македонска бригада го ослободиле Тетово.
Во борбите учествувале и борци од Тринаесеттата, Четиринаесеттата, Деветнаесеттата македонска бригада, како и од Егејската бригада.