19 септември 1955, Аргентинската војска го соборила претседателот Хуан Перон
Во државниот удар во Аргентина кој започнал три дена претходно соборен од власт бил народниот претседател Хуан Доминго Перон.
Важел за миленик на работничката класа, па војската морала да интервенира за да го тргне откако одлучил да ги одвои државата и црквата.
Перон заминал во егзил во Венецуела, потоа во Шпанија, а во Аргентина се вратил после 18 години кога повторно станал претседател.