2 февруари 1943, Црвената армија ја добила Битката за Сталинград
Главната пресвртница во Втората светска војна се случила со големата Битка за Сталинград, која завршила на денешен ден.
Германските и советските војски се бореле за контрола на градот кој денес го носи името Волгоград. Во жестока борба, најчесто блиска и директна низ улиците на разрушениот град, Советите на крајот извојувале победа по која започнал падот на хитлерова Германија. Нацистичката VI армија и делови на 4. Панцер армија со воздушна поддршка од Луфтвафе се бореле против бројната Црвена армија уште од август 1942 година. На страната на Германците учествувале и романски и унгарски војски.
Вкупно загинале околу 2 милиона луѓе од кои околу 1.130.000 кај Советите и околу 750.000 кај Германците.