2 јуни 1953, крунисана била кралицата Елизабета II
На денешен ден во Вестминстерска катедрала се случило свеченото крунисување на Елизабет Александра Мери како кралица Елизабета II.
По смртта на својот татко, кралот Џорџ VI, на 6 февруари една година претходно, Елизабет станала кралица млада, со само 25 години.
Свечениот чин се случил во Вестминстерска катедрала во Лондон, каде положила заклетва, добила помазание со свето масло и била накитена со свечена облека и регалии. Била крунисана за кралица на Обединетото Кралство, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Пакистан и Цејлон (денес Шри Ланка).
За еднодневната церемонија биле потребни 14-месечни подготовки, потрошени биле 1,57 милиони фунти, а нејзиното крунисување е засега единствено кое целосно било пренесувано на ТВ.
Со оглед на тоа што сѐ уште е жива, 96-годишната Елизабета II е најдолговечниот британски монарх и воедно најдолго на престолот.