Од остатоците од новогодишното печење можете да направите две многу вкусни јадења за целото семејство.

На сите им останува месо од новогодишната ноќ, се јаде и утредента за ручек, но и повторно останува. Еве две идеа што да подготвите со остатоците за да разбиете монотонија.
Потребни состојки:
- 1 лажица путер
- 170 свинско печење
- 1 млад кромид
- 60 гр моркови
- 60 гр брокула
- 1 големо јајце
- 240 гр ориз
- 60 гр замрзнат грашок
- 1½ лажица соја сос
- ⅛ лажичка лук во прав
- ⅛ лажичка ѓумбир
Подготовка:
Прво, свинското печење исечкајте го на коцки. Потоа растопете го путерот во тава на средна топлина. Додадете го свинското месо заедно со исечканите кромид, морков и брокула. Пржете мешајчи 7 до 10 минути. Префрлете ја смесата во сад и вратете ја тавата на средна температура.
Изматете го јајцето во тавата и мешајте додека целосно да се стегне. Додадете ја смесата за печење назад во тавата, а потоа измешајте ги ладно варениот оризот, замрзнатиот грашок, соја сосот, лукот во прав и ситно ренданиот ѓумбир. Гответе и мешајте додека не се загрее, 7 до 10 минути. Послужете и уживајте!
Потребни состојки:
- 300 гр тестенини
- 2 лажици масло
- 600 гр свинско печење
- 1 кромид
- 115 гр печурки
- 60 мл вода
- 2 лажички сенф
- ½ лажичка сол
- 120 гр павлака за готвење
- 2 лажици свеж магдонос
Подготовка:
Тестенините сварете ги ал денте и исцедете ги. Свинското печење исечкајте го на коцки. Загрејте го маслото во голема тава на силен оган. Додадете ситно исечкан кромид исечкани печурки, и пропржете ги. Во тенџере измешајте ги водата, сенфот и солта заедно со свинското месо, па динстајте со мешање околу половина час.
Префрлете го месото во чинија заедно со тестенините. Во тавче загрејте ја павлака за готвење и прелијте ја врз месото и тестенините. Украсете со сечкан свеж магдонос. Уживајте!