2 октомври 1836, Дарвин го завршил истражувањето низ светот
Англискиот натуралист, геолог и биолог, славниот Чарлс Дарвин, впловил во пристаништето Фалмат завршувајќи го своето второ и последно патување околу светот во потрага по одговорите за потеклото на живиот свет.
Дарвин истражувал пловејќи со бродот HMS Beagle. Тргнал од Англија и преку островите Зелен 'Рт пристигнал во Бразил од каде потоа ја заобиколил Јужна Америка сѐ до островите Галапагос. Оттаму преку Тихиот Океан дошол во Нов Зеланд и Австралија од каде преку Кокосовите Острови и Маврициус во Индискиот Океан преку Јужна Африка повторно пристигнал во Бразил, по што се упатил назад во Англија.
Со насобраните информации ја развил теоријата за потеклото на видовите и во 1959 година ја објавил книгата „On the Origin of Species“.