Порталот Digital Spy ја освежи листата на актери и актерки чии филмови заработиле најмногу пари во историјата.
Листата е составена според тоа колку пари заработиле актерите од профитабилните филмови, па ќе забележите дека на листата има актерски имиња за кои знаеме дека немаат снимено многу филмови во кариерата, но очигледно направиле добар избор на улоги.
На пример, актерот Ентони Дениелс има снимено само 9 филмови. Иако е релативно непознат за пошироката јавност, актерот го игра легендарниот лик на C3PO во франшизата „Star Wars“ па сигурно ви е јасно зошто заработува толку многу пари.
Листата со 20 актери и актерки со најголема заработка во историјата изгледа вака:
Брус Вилис – 3,189 милијарди долари (60 филмови)
Вил Смит – 3, 205 милијарди долари (25 филмови)
Ема Вотсон – 3,206 милијарди долари (18 филмови)
Роберт де Ниро – 3,233 милијарди долари (81 филм)
Робин Вилијамс (3,279 милијарди долари, 49 филмови)
Мајкл Кејн (3,396 милијарди долари, 59 филмови)
Гари Олдман (3,422 милијарди долари, 41 филм)
Џони Деп (3,634 милијарди долари, 47 филмови)
Енди Серкис (3,648 милијарди долари, 25 филмови)
Ијан Мекелен (3,654 милијарди долари, 32 филмови)
Скарлет Јохансон (3,674 милијарди долари, 40 филмови)
Стенли Тучи (3,785 милијарди долари, 52 филмови)
Том Круз (3,777 милијарди долари, 39 филмови)
Еди Марфи (3,811 милијарди долари, 39 филмови)
Ентони Дениелс (4,031 милијарди долари, 9 филмови)
Роберт Дауни Џуниор (4,281 милијарди долари, 63 филмови)
Морган Фримен (4,522 милијарди долари, 63 филмови)
Том Хенкс (4,582 милијарди долари, 48 филмови)
Харисон Форд (4,963 милијарди долари, 42 филмови)
Семјуел Л. Џексон (5,149 милијарди долари, 73 филмови)