20-годишниот Томас Метју Крукс е атентаторот на Трамп, Тајната служба го застрела

МАКФАКС
/ 14.07.2024 / 10:32

ФБИ го потврди идентитетот на атентаторот кој пукаше во Доналд Трамп како Томас Метју Крукс од Пенсилванија. 20-годишниот од Паркот Бетал, Пенсливанија, отвори оган на поранешниот претседател од покрив на објект оддалечен  130 метри од собирот, објавија американските медиуми.

Крукс  уби едно лице од толпата, го погоди Трамп во увото, а потоа беше застрелан од агенти на Тајната служба.

Полицијата била видена околу неговото тело и пушката која тој ја користел во еден од најстрашните акти на политичко насилство во историјата, пишува Daily Mail.

Снимен моментот кога беше пукано кон Трамп

Доналд Трамп беше нападнат на неговиот митинг во Пенсилванија.

Додека го држел говорот, биле испукани неколку истрели. Засега не е познато какво оружје е употребено, но откако биле испукани, Трамп се спуштил или паднал на земја.

Тој брзо беше опкружен со вооружено обезбедување, а Трамп остана долу околу една минута. Во позадина се слушаа врисоци на насобраните поддржувачи.

Трамп потоа стана и ја крена тупаницата во воздух, пред да биде придружуван од бината до возило и потоа да биде однесен од местото на настанот.

На видеото кое се појавило се гледа крв на неговото уво. Поранешниот претседател изгледаше како да ја стиска главата додека се спушташе кон земјата.

Remote video URL
Буш: Кукавички напад врз Трамп

Поранешниот претседател Џорџ Буш изјави дека е „благодарен“ што Доналд Трамп е безбеден.

„Лора и јас сме благодарни што Трамп е безбеден по кукавичкиот напад врз неговиот живот. И ги пофалуваме мажите и жените од Тајната служба за нивниот брз одговор“, рече тој.

Бајден: Се молам за Трамп и неговото семејство

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „благодарен“ што неговиот ривал Доналд Трамп е безбеден по пукањето на митинг во Пенсилванија.

„Информиран сум за пукањето на митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија. Благодарен сум што слушнав дека е безбеден и здрав. Се молам за него и неговото семејство и за сите оние кои беа на митингот додека чекаме дополнителни информации“, се вели во соопштението.Изјавата на Бајден.

„Џил и јас сме благодарни на Тајната служба што го одведоа на безбедно. За ваков вид насилство нема место во Америка. Мораме да се обединиме како една нација за да го осудиме“, додаде Бајден.

Кон поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше пукано на предизборен митинг во градот Батлер, изјави окружниот обвинител.

Маск: Целосно го поддржувам претседателот и му посакувам брзо закрепнување

Елон Маск на социјалната мрежа X објави дека го поддржува Доналд Трамп по нападот врз него за време на митинг во Пенсилванија.

Кон поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше пукано на предизборен митинг во Батлер, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на окружниот обвинител. Напаѓачот и еден од посетителите се убиени.

„Целосно го поддржувам претседателот Трамп и му посакувам брзо закрепнување“, напиша Маск на X.

Маск сподели и фотографија од Трамп по нападот, држејќи ја десната рака со стисната тупаница високо во воздух веднаш по нападот.

Тој, исто така, на X напиша дека „Америка немала толку силен кандидат уште од Рузвелт“.

Реакции на светските лидери

Меѓународните лидери објавуваат пораки за поддршка на социјалните мрежи откако поранешниот претседател Доналд Трамп беше повреден на митинг во Пенсилванија.

„Сара и јас сме шокирани од нападот врз претседателот Трамп. Се молиме за неговата безбедност“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Насилството раѓа повеќе насилство. Жал ми е за она што се случува во изборниот процес во САД. Мојата солидарност со Доналд Трамп“, изјави претседателот на Хондурас, Ксиомара Кастро де Зелаја.

„Моите мисли и молитви се со претседателот Трамп во овие темни часови“, нагласи унгарскиот премиер Виктор Орбан.

реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Најголемиот светски производител на алкохол во проблеми

Read more

Свет

79 напади со нож дневно во Германија: Младите носат нож како да е мобилен

Read more

Руски аналитичари: Путин го влече Трамп за нос

Read more

Унгарија чекор поблиску до повлекување од Меѓународниот кривичен суд

Read more

Повторно хаос во Шпанија, сите мобилни оператори престанаа да работат

Read more
 

Вести

Усвоен нов закон: Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија

Читај повеќе

Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип-Кочани

Читај повеќе

79 напади со нож дневно во Германија: Младите носат нож како да е мобилен

Читај повеќе

Руски аналитичари: Путин го влече Трамп за нос

Читај повеќе

УКИМ одбележува 76 години од основањето

Читај повеќе

Унгарија чекор поблиску до повлекување од Меѓународниот кривичен суд

Читај повеќе
  • filter

Клиника Жан Митрев го промовира здравиот начин на живот преку Шутбал – Walking Football

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Запалени три возила во Битола, едното е на политичар од СДСМ

Читај повеќе