













20 мај 1506, умрел Кристофер Колумбо верувајќи дека открил пат до Индија
На 55-годишна возраст во Ваљадолид починал славниот морепловец Кристофер Колумбо кој ја открил Америка, но умрел верувајќи дека го открил патот до Индија.
Колумбо (на италијански Кростофоро Коломбо) бил морепловец од тогашната Република Џенова чија идеја за барање на поморски пат до Индија се реализирала под покровителство на шпанскиот крал Фернандо. На своето прво патување тргнал на 3 август 1492 година со три брода меѓу кои и познатиот Санта Марија, а на 21 октомври стигнал на еден од островите на Бахамите каде живееле мирољубивите домородци од групите Лукајан, Таино и Аравак кои ги нарекол Индијанци мислејќи дека дошол во Индија.
Потоа реализирал упште три патувања до Новиот свет, но починал верувајќи дека четири пати одел до Индија и назад.