20 нови рецепти како да зготвите јајца
Јајцата се одличен избор за секој оброк во денот. За нивната нутритивна вредност е пишувано многу и нутриционистите ги препорачуваат како намирница што треба да биде дел од здравата и балансирана исхрана.
Особено се корисни ако сакате да слабеете или да набилдате мускули, па ако ви се здосадени стандардните начини на готвење, како варени, јајца на око или кајгана, погледнете ги овие 20 нови рецепти што ќе внесат свежина во вашето мени, а вие ќе ја добиете потребната доза витамини и протеини што ја нудат јајцата.